Како што рече Николоски, иронијата да е поголема, истиот кој посегнал по поставениот параклис, бесправно гради на брегот на Охридското езеро, за личен профит.
– Бараме претставници од ЈУНП „Галичица“ пак да излезат на терен, да ја констатираат состојбата и уште еднаш да ги преземат неопходните мерки кои се во рамки на ингеренциите на претпријатието. Општина Охрид, да го изврши решението кое сама го донела – да ги сруши двата бесправно изградени објекти. Образложението дека нема средства во буџетот не држи, затоа што општината е должна да ги извршува своите решенија и трошоците за рушењето да ги плати оној кој бесправно изградил, рече Николоски.
Тој рече дека со цел да и се помогне на локалната самоуправа, од страна на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, ќе биде поднесен предлог за ребаланс на буџетот на општина Охрид, за пренамена на средствата за репрезентација во висина од 20.000 евра, за рушење на дивоградбите.
Николоски нагласи, дека во спротивно ќе треба владата да излезе на терен и ги преземе ингеренциите кои се во нејзина надлежност.
Од страна на пратениците и претставниците од месната заедница во село Трпејца беше кажано дека средбата со пратениците од ВМРО- ДПМНЕ нема никаква политичка позадина.