Сценаријата на овие избори се јасни, најголемата политичка партија на Албанците ДУИ повикува на бојкот на претседателските избори со цел тие да не успеат и да се случат непосакувани сценарија за Македонија, рече кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски, повикувајќи ги граѓаните на 13- ти април масовно да излезат на гласање и да го дадат својот глас за нивниот претседателски кандидат Ѓорѓе Иванов и со тоа да им се спротистават на политиките кои не и носат добро на државата.

Николоски потенцира дека Иванов даде отчет за досегашното работење, кој ги содржи неговите досегашни залагања за зачувување на националните интереси,зачувување на името, идентитетот и традицијата, економското зајакнување на земјата.

– Секогаш беше со народот преку отворање на канцелаарии на претседателот во повеќе градови, се залагаше за модернизација на образованието, помагајќи го и како професор, но и како почесен доктор на науки на најпрестижните универзитети во Европа. Традиционално беше покровител на фестивалот Охридско лето и фестивалот Манаки во Битола, даваше поддршка на спортот, со свои одликувања секогаш беше зад најдобрите спортисти и редовно беше покровител на охридскиот пливачки маратон. Формираше народни канцеларии, го започна проектот   Млад научник, рече Николоски.

Тој потсети дека Иванов за следните 5 години,преку својата програма ветува дека државата ќе биде пред се ,како и економскиот раст и отворањето на нови работни места, приоритет ќе биде и привлекувањето на странски инвестиции, унапредувањето на земјоделието, инвестирање во инфраструктурата, владеење на правото, партнерство меѓу државата и универзитетите, зачувување на традицијата , отворањето на народни кујни,зачувување на националните интереси ,добрососедските односи, интеграцијата во НАТО и ЕУ.

OhridNews