Воведените 11 нови авиолинии во изминатите девет месеци веќе го даваат својот ефект во туризмот, а тоа е 20 проценти повеќе туристи споредено со минатата година, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Посочува дека во мај месец во споредбa со мај месец минатата година има зголемување од 101 илјада туристи.

Број еден е Скопје и треба да е Скопје бидејќи трендовите на туризмот се менуваат, главно главните градови или туристичките центри се број еден туристичка дестинација во светот, луѓето сакаат да патуваат, да истражуваат. Така да број еден е Скопје, број два е Охрид, во проценти имаме за 20 % повеќе споредено со минатата година и тоа е рeзултат на две политики. Едната на подршка на чартер летови. Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија или Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од октомври месец ќе идат два авиони, ќе слетуваат на охридскиот аеродром, значи ќе имаме 400 нови туристи секој ден, дополнително на тоа е чартерот од Манчестер,

Дополнително на тоа, вели Николоски е што за 9 месеци отворени се 11 нови авински лиинии од кои има ефект, бидејќи, посочува, променета е политиката на субвенционирање.

Даваме субвенции на патници што доаѓаат, затоа што поентата е да поддржите повеќе луѓе да доаѓаат во државата, а не да заминуваат. Претходно се давало субвенции за заминување од државата. Тие диркетни летови многу менуваат, се отворија дестинации од Скопје кои претходно ги немаше, се отворија од Охрид кои претходно ги немаше. Овие сите летови го даваат својот ефект, додава вицепремиерот Николоски.

OhridNews