Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на својот фејсбук профил споделувајќи мапа со воспоставеите нови авиолинии кон Европа од двата домашни аеродрома од 2024 до 2026 година.

Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот, напиша вицепремиерот Николоски.

OhridNews