Пратеникот Александар Николоски не е задоволен од јавно дадениот одговор на градоначалникот Петрески во врска со  изградбата на деловниот комплекс „Летница“. Тој денеска уште еднаш побара одговор колкави средства и кој ќе ги инкасира од изградбата на трговскиот центар на плоштадот. Во реакцијата се вели:

„Во добро познат стил на нетранспарентност и неотчетност Градоначалникот на Охрид повторно не одговори на прашањата кои ја интересираат охридската и макадонската јавност, а кои беа поставени. Не беше одговорено дали е вистина дека профитот од доградбата на комплексот Летница и уништувањето на плоштадот  на олигархијата создадена од СДСМ во деведесетите години чии шеф е Бранко Црвенковски е накаде помеѓу 13 и 15 милиони евра. Сума која обичниот деловен свет и обичните граѓани можат само да ја сонуваат.

Не беше одговорено колкав е делот од бизнисот на Петрески и неговиот шеф Бранко Црвенковски од оваа зделка.

Не беше одговорено дали е ова цената за трајно уништување на Охрид неговата автентичност и развој. Цена за уништување на туризмот и хотелиерството во градот од кој живеат илјадници граѓани.

Не беше одговорено што сторил СДСМ и Петерски за ова да се спречи.

Го повикувам Петерски да престане да ги крие своите неуспеси и полулегални активности зад напад на ВМРО-ДПМНЕ, Владата или било кој претходни или сегашни раководства. Сега е тој Градоначалник на Охрид и тој ја носи одговорноста“, стои меѓу другото во соопштението на пратеникот Александар Николоски.

Ohridnews