Членот на највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, на денеска одржаната прес конференција во просториите на општинскиот комитет во Охрид, обвини дека директорите на јавните претпријатија во општината се расфрлаат со пари, додека претпријатијата тонат во долгови, а вработените не земаат редовна плата и не им се исплаќаат придонеси.

– Дали е чесно, прашуваме, луѓето да одат на работа, а да не земат плата, да не можат да ги планираат своите приходи и расходи, вложувања и кредити, да неможат да ги пуштат децата на факултет, со еден збор да не можат да си го планираат животот. Во исто време, директорите на истите тие јавни претпријатија поставени од Александар Петрески живееат како султанот од Брунеи. Трошат за ручеци, кафани, коли, џипови, намерниците за дома ги плаќаат од сметка на претпријатија, одат на фудбалски натпревари на фудбалски гиганти како Барселона, рече Николоски.

Тој презентира фактури од ресторани во Охрид на суми, кои како што рече, за обичниот граѓанин се баслословни.

– За еден ручек 20 000 денари, друг 40 000 денари итн, итн. Гледате ручеците во Охрид се поскапи од ручеците во Париз. Додека вработените во јавните претпријатија живеат на рабуш и купуваат основни намирници и прават зимници за да ја преживеат зимата, работат на село за да видат и малце месо во животот, директорите во Охрид ручаат париски ручеци, рече Николоски.

Тој со ветување до охриѓани дека од 25 март новите раководители поставени од ВМРО ДПМНЕ ќе ја прекинат ваквата пракса и парите ќе ги дадат за плати на вработените, како и дека со новиот градоначалник Бакрачески и новите раководители од ВМРО ДПМНЕ ќе влезат и соодветните истражни и ревизиони органи со цел да се види кој работел чесно, а кој крадел.

OhridNews