Кајакарот Атанас Николовски ќе го носи знамето на Република Македонија за време на претставувањето на земјата на Летните Олимписките игри, кои од 8 до 24 август ќе се оддржат во Пекинг.
18 члената македонската делегација, за Кина ќе замине на 28 јули. Спортскиот бренд “Пума“ е задолжен за добриот изглед на Македонската експедиција.
Покрај Николовски, нашата земја ќе ја претставуваат уште пливачите Елена Поповска, Михајло Ристовски и Методија Ангеловски, атлетичарите Ивана Рожман и Реџеп Селман, како и Сашо Несторов во стрелаштво.










