Во недела на вториот круг на претседателските избори како и парламентарните избори ги повикам граѓаните во што помасовен број да излезат на гласање и својот глас да го дадат за кандидатите кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ, да гласаат за број 5 Антонио Милошоски носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и број 1 проф. д-р Ѓорѓе Иванов за претседател.-истакна во име на кандидатите за пратеници во 5ИЕ од ВМРО ДПМНЕ во Охрид, Александар Николовски.
Тој рече дека разликата е јасна и евидентна, од една страна ВМРО ДПМНЕ нуди јасен концепт програма од 2046 проекти направена пред се од потребите на граѓаните а од друга страна гледаме дека СДСМ се користи само со празни зборови и лажни ветувања.
„Она што сакаме да го посочиме и предупредиме е дека во недела на 27 април од страна на СДСМ можни се црни сценарија со кои би се нарушил изборниот процес со што намерата би била изборите да бидат прогласени за невалидни. СДСМ соочени со фактот за нивниот пораз на престојните претседателски и парламентарни избори би можело да наведат на одредени црни сценарија од типот: снемување на фломастери за обележување, насилно туркање на избирачки кутии, фотокопирани избирачки ливчиња, лажни идентификаии и сл. Исто така целта на ДУИ е да не успеат претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ да нема 63 пратеници за Македонија да биде уценета.“-рече Николовски.
Тој ги повика граѓаните да не наседнуваат на вакви сценарија и својата поддршка да ја манифестираат преку големата излезност и пред се големата поддршка која ќе ја дадат за ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews