Нашиот најдобар кајакар, Атанас Николовски, финансиски помогнат од Македонскиот олимписки комитет како и од Кајакарската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, во периодот од 19 до 25 август 2011 година ќе учествува на подготовки во Братислава, Словачка.


По овие подготовки, Атанас Николовски од 26 август до 1 септември 2011 година ќе се подготвува во Загреб, Хрватска и потоа, на 2 септември, тој ќе замине повторно за Братислава, каде што и ќе се одржи Светското првенство во кајак на диви води на кое што Атанас ќе треба да ја реализира норма за учество на Олимписките игри Лондон 2012 година.


Попоски во Пекинг ќе брка виза за Лондон 2012

Македонскиот олимписки комитет целосно финансиски го помогна нашиот најдобар триатлонец Стојан Поповски и му помогна да учествува на светското првенство во триатлон, во Пекинг, во периодот 9-11 септември 2011 година.


На Светското првенство, Стојан Поповски ќе треба да се обиде да оствари олимписка норма за учество на Олимписките игри Лондон 2012 година што ќе биде навистина тешко да се реализира земајќи ги во предвид строгите критериуми на Меѓународната триатлон федерација.

Од МОК веруваат, дека Стојан Поповски со својот резултат и залагање ќе реализира одличен резултат и со помош на администрацијата на МОК, сепак ќе ги натера одговорните во Меѓународната триатлон федерација, да му испратат покана за учество на Олимписките игри Лондон 2012 година.

“макфакс“
Ohridnews