Специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, амбасадорот Метју Нимиц, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Нимиц ќе се сретне со македонскиот државен врв, кој деновиве на иницијатива на претседателот Иванов одржа координација, на која беше заклучено дека Република Македонија, како и досега, активно и конструктивно ќе учествува во процесот за надминување на спорот за името и како страна која со сериозен пристап учествува во разговорите очекува и се надева на иста активност, сериозност и конструктивност од другата страна.

OhridNews