Денеска во Њујорк, заврши новата рунда преговори околу деценискиот спор за името што го водат Македонија и Грција, под покровителство на Обединетите нации.
Како што истакна медијаторот Метју Нимиц, се реазговарало за конкретни предлози, а очекува од претставниците Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис да им ги пренесат на владите во Скопје и Атина.
Според Нимиц, денешните идеи претставуваат ново мислење од негова страна, а очекува дека двете засегнати страни ќе изнајдат позитивни елементи во новите предлози.
OhridNews