Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за решавање на билатералниот спор за името, Метју Нимиц, попладнево пристигна во Македонија. Тој утре ќе оствари одделни средби со државниот врв. Искусниот дипломат во кусата изјава дадена за медиумите не откри детали за темите на разговор со државниот врв, но најави продолжување на напорите за решавање на долгогодишниот спор.

– Убаво е да се биде пак во Скопје. Јас ќе работам навистина напорно за да видиме дали можеме да постигнеме некаков напредок. – изјави Нимиц.

Претходно Нимиц престојуваше во Атина, каде се сретна со премиерот на Грција Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис
Аврамопулос, по што изјави дека грчката Влада со голема
искреност сака да се постигне договор за прашањето за името.

OhridNews