Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц изјавил дека е загрижен за ситуацијата во Македонија. „Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија“, рече Нимиц.
Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.
OhridNews
извор Макфакс