Во соопштението на Обединетите нации, со кое се најавува средбата, се вели дека Нимиц упатил покани до Јолевски и Василакис, и дека двајцата ја прифатиле средбата.
– Амбасадорот Нимиц ќе се сретне со двајцата претставници одвоено, а потоа на заедничка средба, со цел да продолжат разговорите под посредништво на Обединетите нации, за да се изнајде заемно прифатливо решение за прашањето за името, пишува во соопштението.
Последната рунда разговори се одржа на 29 и 30 јануари, по што следуваше најава за нова, скорешна средба на Нимиц со претставниците на Македонија и Грција.
извор: МИА