Нисан го претстави новиот систем за превенција на возење под дејство на алкохол. Целокупниот концепт засега е во последната фаза на испитување, а можноста за сериско вградување не е исклучена.

Според последните информации новиот систем кој содржи низ разновидни технологии успешно е интегриран во Нисановиот луксузен модел Фуга.Ова е концептно возило развиено како истражувачка платформа која би требало да послужи како пример за иновации кои би можеле да се применуваат во идното производство на возила.

Проблемот на возење под дејство на алкохол, односно неговата превенција, Нисан го решава со неколку различни мерки.

Првата се сензори за откривање на мирисот на алкохол. Високо осетлив сензор вграден во рачката на менувачот може да открие присуство на алкохол во потта  од раката на возачот штом тој ќе се обиде да го придвижи автомобилот. Доколку нивото на алкохол ја надминува претходно зададената количина системот автоматски го блокира системот за пренос и не му дозволува на возилото да се движи.


графички приказ на антиалко системот на „Нисан“

Додатни сензори вградени се во возачкото и совозачкото седиште за откривање на присутност на алкохол во воздухот во внатрешноста на автомобилот. Откако ќе се открие присуството на алкохол системот праќа гласовно предупредување и покажува предупредувачка порака на контролната табла од автомобилот.

Посебно интересен е системот за набљудување на лицето кој се состои од камера поставена на инструменталната плоча, наспроти возачот. Системот работи така да ја проучува состојбата на свест кај возачот следејќи го трепкањето на очите. Кога ќе уочи симптоми на поспаност, системот праќа гласовно предупредување заедно со порака на навигацискиот систем. Покрај тоа се вклучува и механизмот на сигурносен појас кој почнува да се стега околу возачот за да го привлече неговото внимание.

Со непрестаното следење на движењето на возилото системот може да открие знаци на невнимание или растресеност на возачот и повторно праќа гласовно предупредување заедно со приказ на порака на контролната табла. И во овој случај возачот се предупредува со стегање на сигурносниот  појас.

извор:                                                                                                                Јасминка Т. Момироска
index