Албанскиот претседател Бујар Нишани ќе го бојкотира Охридскиот самит, што ќе се одржи на 1 и 2 јуни годинава.
Според канцелаларијата на претседателот на Албанија, причина за бојкотот на самитот е неповикувањето на претседателката на Косово Атифете Јахјага, пренесува албанскиот весник „Панорама“.
„Јахјага не е поканета за учество на овој настан, а тоа е спротивно на духот на соработката и дијалогот во регионот, кој ја олеснува заедничката определба за интеграција во Европа“, се истакнува во реакцијата на албанскиот претседател.
Понатаму се додава дека „оставањето на Косово надвор од Самитот е направено под притисок на Србија, што е во директна спротивност со договорот потпишан меѓу Србија и Косово во Брисел“.
извор:„Макфакс“