По големиот успех на македонската ракометна репрезентација и пласманот на Европското првенство што нареднта година ќе се игра во Србија, како гром одекна и веста дека град домаќин на следбениците на Александар ќе биде Ниш.


“Црвено-жолта“ инвазија го очекува српскиот град по најавата дека ијладници навивачи во јануари ќе се преселат во Ниш, за да ја бодрат репрезентацијата.

Навивачите посакуваат да се повтори Вараждин, каде Македонија со огроман подршка на публиката успеа да ја мине групата, но и Задар каде и покрај силниот ветар во грбот не успеавме да направиме сензација. Сензационално беше на трибините, но не и на теренот.

По барање на Србија, за одредување на четири града каде ќе играат репрезентациите на Македонија (Ниш), Хрватска (Вршац), Унгарија (Нови Сад) и Србија (Белград) познати се и можните противници на Македонија.

Од првиот барабан тоа се Франција, Германија или Полска. Од вториот барабан: Данска, Норвешка и Шведска, и од третиот барабан – Исланд, Шпанија и Чешка.

Според пропозициите, на ЕП ќе има четири групи со по четири репрезентаци. По првата фаза од натпреварувањето, првите три репрезентации од групите продолжуваат во втората фаза, пренесувајќи ги освоените бодови од дуелите со другите репрезентации што исто така продолжуваат да играат. Тука има вкрстување на групите А со Б, и Ц со Д.

М.П.