Нишкиот градоначалник како такси возач за новогодишната ноќ
03.01.13 18:00
Првиот човек на Ниш, Зоран Перишиќ, на еден сосема уникатен начин ја прославил новогодишната ноќ. Тој со цел да ги дознае проблемите на граѓаните, на „најлудата“ ноќ во годината возел градско такси, пренесува „РТВ Белами“.
Оваа регионална телевизија пренесува дека Перишиќ се снашол одлично како такси возач, а ретко кој од граѓаните го препознале. „Никогаш не помислив дека за време на новогодишната ноќ ќе ме вози градоначалникот. Мислев дека е само расположен возач.“ – изјавила девојка која се се возело во таксито на градоначалникот.
Според Перишиќ, граѓаните сакале повеќе спортски случувања, зоолошка градина, аква парк и поголема јавна хигиена. Некои дури барале да се истражи Нишката тврдина. Дали овие барања на нишлии ќе се остварат, ќе покаже времето. Но во секој случај, овој интересен чин на еден градоначалник е за поздравување.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
На 12112026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско Повредени лица нема, а интервенирала Територијал...
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, т...