Фудбалската федерација на Македонија поведе дисциплинска постапка против Драган Антиќ Шеф на стручен штаб на Ф.К Охрид 2004 поради неспортско однесување за време на натпреварот со Ф.К Вардар 1947 кога по примениот гол на неговата екипа во 89 минута од натпреварот ја повлекол екипата на 2 минути надвор од теренот а потоа им наложил да се вратат на теренот и да стојат до крајот на натпреварот по што е постигнат и вториот гол, како и поради упатени вулгарни зборови и пцовки кон службените лица на тој натпревар по завршувањето.
Исто така се поведува дисциплинска постапка против Ристевски Милчо, Представник на Ф.К Охрид 2004 поради упатени вулгарни зборови и пцовки по завршување на натпреварот со Ф.К Вардар 1947 кон судиската четворка .
Двајцата се задолжени да поднесат писмени изјави во рок од три дена.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com