Германецот Себастијан Фетел ќе стартува од пол-позицијата за големата награда на Монтреал. Фетел кој е актуелен првак во Формула 1 ова е шеста пол-позиција во сезоната. “Рамо до рамо“ со Фетел е шпанецот во Ферари, Фернандо Алонсо. Вториот пивот на “црвените“ Филипе Маса ја освои третата позиција. Четврти е Марк Вебер додека прва “петорка“ ја комплетира британецот Луис Хамилтон.


Резултати:
1. Себастијан Фетел
2. Фернандо Алонсо
3. Филипе Маса
4. Марк Вебер
5. Луис Хамилтон
6. Нико Розберг
7. Џејсон батон
8. Михаел Шумахер
9. Ник Хајфелд
10. Витали Петров

Мх.П.