Фирмата „Каса градба“ од Скопје, до истекот на законскиот рок од 15 дена не ги уплати понудените 23 илјади евра за атрактивното земјиште во Горица, каде требаше да гради елитен хотел со пет ѕвездички во вид на езерски бран.  Скопската телевизија „Сител“ соноќа објави дека  фирмата која победи на јавното наддавање за земјиштето, што се одржа во Министерството за транспорт и врски, не ја обезбедила ниту потребната банкарска гаранција во висина од 200 000 евра.

Продажбата на атрактивната локација во Горица се пролонгира со години, бидејќи, во обид да привлече светски хотелски бренд во Охрид, државата постави високи критериуми. Откако големите хотелски брендови не покажаа интерес, државата одлучи земјиштето во Горица кое се протега на површина од околу 15.000 метри квадратни да го продаде на јавно наддавање со почетна цена од 1 евро за метар квадратен, но ниту ваквата симболична цена не привлече инвеститори кои ќе вложат во изградба на луксузен хотел на охридската ривиера.

OhridNews