Српскиот кошаркарски репрезентативец, Милош Теодосиќ и следната сезона ќе настапува во ЦСКА, објави рускиот тим.

„Го комплетиравме тимот за следната сезона. Теодосиќ останува меѓу
црвено-сините воини“, стои на официјалниот профил на ЦСКА, на
социјалната мрежа Твитер.

За услугите на Теодосиќ најмногу интерес покажуваше Фенербахче, чии тренер е Жељко Обрадовиќ.

Турските медиуми дури и објавија дека Теодосиќ ќе се пресели во Фенер, а
во ЦСКА ќе замина македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, но
очигледно е дека размената нема да се случи.

Според некои извори српскиот репрезентативец ја одбил и понудата на
Мемфис Гризлис, вредна шест милиони долари по сезона, бидејќи сакал да
ја освои титулата во Евролигата.

Теодосиќ поради повреда го пропушти финишот од минатата сезона,
26-годишниот играч, во моментов, поради повредата на листот на ногата
индивидуално работи во Белград, а до крајот на неделата ќе биде познато
дали тој ќе игра на Европското првенство.

„Макфакс“