Иако се поврзувашње со ѕвучни тренерски имиња, Баерн Минхен одлучи шанса да му даде на привремениот тренер Ханс Флик. „Баварците“ одлуката ја соопштија на церомонијата која ја организираа за испраќање на Ули Хенес во пензија.

  • Можете да рачунате на него. Тој ќе води екипата против Дизелдорф на 23 ноември. Потоа ќе ја продолжиме соработката со Флик. Добро се снајде во улогата на тренер и во целост ја ужива нашата доверба. Пред дуелите со Олимпијакос и Борусија Дортмунд тој беше смирен и решителен и заслужува вистински комплименти. – изјави Карл Хајнц Румениге.

Баерн Минхен е на чекор од пласман во нокаут фазата во Лигата на Шампиони, додека борба ќе води во Бундес лигата каде се наоѓа на третата позиција.

Флик на позицијата тренер ќе го наследи Нико Ковач.

OhridNews