И покрај бројните апели на надлежните, за поединци очигледно полесно и поедноставно е градежниот шут и кабаст отпад да го одлагаат каде ќе стигнат. Оставени гранки, трева и друг зелен и кабаст отпад и градежен шут постојано може да се види насекаде низ градот и по главните сообраќајници.


– И покрај тоа што организираме бесплатни акции за подигнување на кабаст и зелен отпад, нудиме можност ваквиот отпад граѓаните бесплатно да го депонираат на депонијата “Мауцхер”, а нашата служба “48 часа” им ја ставаме на располагање, и понатаму не наоѓаме на разбирање од едни исти поединци, за кои комуналната инспекција треба да превземе казнени мерки, велат од ЈП Охридски комуналец.

OhridNews