Државата ќе издвои 1,4 милиони евра за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании, со цел да се зголеми искористеноста на аеродромите во Охрид и Скопје, да се отворат нови дестинации, но и да се намали цената на авиобилетите.
За реализација на оваа идеја отпочната е постапка за измени на Законот за воздухопловство, информираат од Министерството за транспорт и врски.












