Брадфорд е на чекор од пласман во финалето од Капитал Купот на Англија. Четвртолигашот на првиот натпревар од двомечот со Астон Вила триумфираше со 3-1 и обезбеди солидна предност пред реванш дуелот на Вила Парк. До патот за 1/2 финалето во Капитал купот Брадфорд ги елиминираше Виган и Арсенал.


Дека ќе биде нова магична вечер за Брадфорд наговести Велс со водечкиот погодок во 19-та минута. На 2-0 во 77-та минута зголеми Мекардле, а надеж за премиерлигашот донесе Виман шест минути подоцна. Фантастичната ноќ за Брадфорд ја комплетираше Мекхуг со гол во последната минута од мечот.