Непознат сторител денеска од импровизирано прифатилиште за бездомни кучиња за кое се грижат волонтерите од здружението „Охрид стрејс“, украл метална канта во која имало храна за мали кученца и дигитална вага.

Крадци ја украле храната за бездимни кучиња во Охрид
Крадци ја украле храната за бездимни кучиња во Охрид

Пола од кучињата немаа што да јадат бидејќи тоа ни беа последните залихи пред нарачка на нова храна. – истакнува волонтерката Анастазија Димзовска.

Иако местото е цело оградено со бодликава жица, има и огромна капија, за жал, постојано се крадат работи, цели врати, колички, гуми од објектите кои ние не ги користиме, резигнирано пишува на социјалните мрежи младата волонтерка.

Уште да ги откорнете халите ви остана. Кога станавте толку ладни, без грам совест? Што ви смена во животот една канта со неколку кила храна? – прашува Анастазија.

Како што најавија волонтерите од „Охрид стрејс“, случајот ќе биде пријавен во полиција.

OhridNews