Ниту поставениот знак дека објектот е под видео надзор на кој јасно може да се види дека е забрането пишување или прскање со спрејови, не ја “спаси” фасадата на репликата на охридската куќа која минатата година беше поставена од страна на еден домашен мобилен операотор. Деновиве на неа повторно може да се забележат чкртаници и потписи со спрејови.


По поставувањето, куќарката во неколку наврати беше нагрдувана, за потоа фасадата со помош на поликолор да се врати во првобитна состојба. Откога и поликолорот не помогна, поставен беше видео надзор, но повеќе од очигледно е дека ниту оваа мерка не помага.


OhridNews