Екипи на ЈП „Нискоградба“ од Одделението за градежно одржување во рамки на своите активности изврши нивелирање на канализациони шахти на улицата „Момчило Јорданоски“.
По укажување на граѓани изминативе дена беше извршено подигање и нивелирање на канализационни шахти на ул. „Момчило Јорданоски“. Ваквите активности во соработка со граѓаните допринесуваат за подигање на квалитетот на живеење на самите места како и во Општина Охрид, велат од претпријатието.
OhridNews












