Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на кота 693,26 метри надморска височина, што е во рамки на просекот за овој период од годината кој изнесува 693,28 м.н.в.
И температурата на водата во Езерото е во просекот за октомври. Утрово измерени се 16 степени Целзиусови, а просекот за овој месец е 16,8 °C.
Г.М.












