Водостојот на Охридско Езеро е седумнаесет сантиметри под просекот за месец октомври кој изнесува 693.31 м.н.в. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи нивото денес и вчера е на кота од 693.14 м.н.в.
Сепак нивото е 4 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).
Температурата на водата е 15 степени што е малку под октомврискиот просек кој е 16,7 степени.
OhridNews