Нивото на водата во Охридското Езеро бележи пораст, благодарение на врнежите и дождливото време, но се уште е под просекот за овој период од годината.

Неделната анализа на Управата за хидрометеолошки работи покажуваат дека во периодот од 3 до 9 јуни нивото се движело од 693,52 метри надморска височина до 693, 54 метри надморска височина.

Денешното мерење покажува дека водостојот на Езерото е на котата од 693,53 метри надморска височина, што е за 12 сантиметри под просекот за јуни.

Температурата на водата е 19,5 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот за месец јуни.

OhridNews