Според мерењата извршени денес, нивото на водостојот на Охридското Езеро е намален за 1 цм, и се наоѓа на котата 693,94 м.н.в. или 19 цм над максималната утврдена граница, што претставува намалување за 7 цм во последните 6 денови.

Во текот на денешниот ден екипи од Дирекцијата за заштита преземаат активности за превентивно празнење на септичките јами во близина на Охридското Езеро во Пештани со цел да се спречи излевање на фекални води во езерото.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, за време на викендот се предвидува претежно сончево и топло време и се очекува да се задржи трендот на опаѓање на водостоите и водотеците во Република Македонија.

OhridNews