Според мерењата направени изминатиот викенд нивото на Охридското Езеро е 4 до 5 сантиметри под природната кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина.


Дел од езерската вегетацијата остана на суво, а в долж крајбрежјето никнуваат нови плажи и островчиња.


Како главна причина за драстичниот пад на нивото на Охридското Езеро се смета сушата. Оваа есен изостанаа вообичаените врнежи, а доколку потрае сушниот период состојбата и натаму ќе се влошува. Драстичните осцилации на Охридското Езеро во изминатите неколку години според стручната јавност може да имаат сериозни последици како по живиот свет така и врз градежните објекти на крајбрежјето.

OhridNews
фото:Емилио