За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа нивото на Охридското Езеро е за 5 сантиметри над повеќегодишниот просек за декември односно изнесува 693.24 м.н.в. Температурата на езерото е 9 степени што е во рамки на просекот за декември.
Нивото на Дојранското Езеро е 1,67 метри над просекот за декември, додека водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот. Пониски од просечните се нивоата на поголем дел од реките во земјава и најчесто бележат благо намалување во споредба со вчера.
OhridNews












