Нивото на езерото во одреден период во текот на изминатиот месец дневно во просек се намалувало по еден сантиметар, но таквиот неативен тренд деновиве запрел и има стагнирање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Осцилациите на Охридското Езеро се нормални за овој период од годината укажуваат експертите, но тие и натаму остануваат на ставот дека е потребна ревизија на Договорот за регулација на нивото на езерото, затоа што хидролошките услови во периодот кога тој е склучен не одговараат со денешната состојба.
Иако е прогласено за природно богатство заштитено од УНЕСКО, водите на Охридското Езеро и натаму се користат за производство на електрична енергија во Македонија и Албанија, од што директно зависи регулацијата на истекот во реката Црн Дрим.