Според информациите на Електрани на Македонија, во моментов нивото на Охридското Езеро е 15 сантиметри под максимално утврдената кота и изнесува 693,60 метри надморска височина.


Од Охридското Езеро преку реката Црни Дрим во моментов истекуваат 38 метри кубни вода во секунда, а на браната на истекот во Струга се отворени четири порти.

Од ЕЛЕМ посочуваат дека ситуацијата на терен е стабилна и се испушта само половина од максимумот вода преку Црни Дрим, односно 30 метри, но се уште е висок страничниот доток на вода во Црни Дрим. Хидроцентралите Шпиље и Глобочица работат 24 часа дневно со цел да одговорат на сите потреби и да се регулира истекот на секое ново количество вода.

OhridNews