Нивото на водата во Охридското Езеро бележи пораст, благодарение на врнежите и дождливото време, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Водостојот денеска се наоѓа на котата 693,40 метри надморска височина, што е за 25 сантиметри под просекот за мај, велат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, што е под просекот за месец мај кој изнесува 15 степени.

Зачестените осцилации на водостојот на езерото неповолно се одразуват врз живиот свет, најизразено токму во литоралниот дел од езерото односно крајбрежниот појас каде е најбројната популација на флората и фауната на еко-системот.

OhridNews