Струшките вечери на поезијата низ фото објективот на 81-годишниот пензиониран фотограф Душко Ѓоргон се сместени во неговиот домашен музеј. Во музејот уредно нареден е неговиот 58 годишниот труд посветен на фотографијата. Галеријата на Ѓоргон е поделена  во два изложбени дела. Во вториот дел е изложбата со добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, наградата „Браќа Миладиновци“, учесници на фестивалот од самиот почеток, гости, љубители на пишаниот збор.

Изложени се портрети од сите лауреати од почетокот на доделување на Златниот венец во 1966, до пет деценискиот јубилеј во 2011 година, кога творештвото беше заокружено со изложба во хотел „Дрим“, истакна синот на Ѓоргон, Никола Ѓоргон.

Во збирката на Ѓоргон гордо се наредени портрети од сите добитници на Златниот венец во првите 50 години од нивното постоење, поетски читања, дружбите на поетите. Сега, последните 10 години, од неговото пензонирање ги фотографира само за своја душа.

И сега, по пензионирањето, одам за своја душа да го фотогрфирам добитник на Златниот венец, да се видам со поетите, со дел од нив многу се здруживме. Порано односот беше друг, кога ќе се сретнеа поетите, ќе се запознаеа многу се дружеа, бараа да се фотографираат, возбудено раскажува Ѓоргон.

OhridNews