500 рози од денес ќе ги разубавуваат парковите вдолж булеварот „Туристичка“ и дворовите на основните училишта.

Активностите за оплеменувањето на зелените површини се во организација на  општина Охрид и Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, како дел од акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“.

– Со спроведување на ова акција ќе се придонесе кон поубава животна средина,подобро  здравје на луѓето и ќе се оплемени и разубави градот, потенцира директорката на ЈП Охридски комуналец, Елена Скрческа.

Претставникот на министерството за животна средина, Дејан Паноски истакна дека целта на денешните активности пред се е подигање на свеста на граѓаните за зачувување на животна средина.

– Тоа треба да ни е приоритет ако сакаме да градиме темелни основи на едно општество. Потребна е и поширока поддршка од населението со што ќе се придонесе Македонија да стане вистинска еколошка оаза, рече Паноски.

Во рамки на активностите во дворовите на училиштата се реализираа и продажни изложби на рачно изработени предмети.

Дел од активностите во рамки на проектот „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ беа реализирани и во основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани.

OhridNews