Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини.

Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %. За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од август до декември 2024 организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година, додаваат од ЈПДП.
OhridNews











