Денеска во ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид ќе се оддржи продажна акција на честитки изработени од креативните раце на учениците од оваа институција, со што започнуваат празнувањата по повод Патронот на ова училиште – 22-ри декември.

Во текот на утрешниот ден, продажната акција продолжува, додека за петок е предвидена свечена програма со почеток од 18 часот, која ќе се оддржи во просториите на културниот центар во село Долно Лакочереј.

Одбележувањето на патронот, продолжува на 23-ти декември со отворен час во ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

OhridNews