НВО ХЕПТА, Опција Охрид и Црвениот Крст со низа активности ќе го одбележат 28-ми јули, Светскиот ден за борба против хепатитис.
Целта е подигање на свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест.

За утре, предвидено е делење на флаери со едукативна содржина по охридските плажи, а исто така ќе се врши бесплатно и анонимно тестирање за Хепатитис Ц на атрактивните плажи после 13 часот.

Во 19:30 во просториите на ОО Црвен крст ќе се оддржи трибина на која ќе говори проф. д-р Розалинда Исијановска.

Покрај овие активности, на плоштадот „Крушевска Република“ кај чинарот, ќе се оддржи ХИВ караван, каде од 16 до 01 часот ќе настапат познати музички имиња од забавната и народната естрада.

OhridNews