Екипи од јавното претпријатие „Охридкси комуналец“ денес вршат чистење и уредување на крајбрежјето на потегот кај хотелот „Славија”, во населбата Лагадин, Пештани, се до Трпејца. Од претпријатието потенцираат дека на овој потег вработените ќе бидат секојдневно присутни се до крајот на туристичката сезона.
Во текот на вчерашниот ден, по налог на инспекцијата, беа уредени просторот и плажата во населбата Даљан. Се чистеше и фонтаната на плоштадот кај Мини Маркет, од земја, камења и отпад фрлен од страна на граѓаните. Се уредуваше и паркот на „Пријателите”, на пешачката патека кај плажата „Амброзија”.
Активностите ги следеше в.д. директорот на претпријатието Александар Китески.
OhridNews












