Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 25ти април до 1ви мај, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенирале на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети беа дефекти на следните улиците „Гоце Делчев”, „Дејан Војвода” (ф 2″), „Коста Абраш” (ф 3/4), „Никола Карев”, „Петар Поп Арсов” бр.23, „Железничка” (ф 3/4), „Питу Гули ” (ф 2″), „Даме Груев” бр. 78 (ф 3/4), „Бистрица” (ф 150), „Дејан Војвода” ( ф 100), „Македонски Просветители” (ф100), информираат од претпријатието.

Воедно приклучен бил во мрежа објектот – зграда на ул. „Железничка”, а извршена била и замена на шибер со профил ф 200 на ул. „Дејан Војвода”.

OhridNews