Членови на карате клубот „Чоле“ од Охрид изминатиов викенд учествуваа на два интернационални турнири „Златен куп“ во Тетово и „Дојран опен“ во Дојран при тоа освојувајќи низа медали.

Со многу труд, посветеност и борбен дух, нашите каратисти ги покажаа своите квалитети на татамито и уште еднаш докажаа дека се подготвени да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите!, велат од клубот.

Освоени медали:

  • Тео Дамјаноски, 2 медали, сребрен и бронзен
  • Бисера Ангелоска, 4 медали, 2 златни, сребрен и бронзен
  • Исак Љатко, 4 медали, три златни и бронзен
  • Константина Ангелоска, 4 медали, 2 златни, сребрен и бронзен
  • Анастасија Ропчева, 4 медали, сребрен и три бронзени
  • Теодора Ропчева, 4 медали, златен, два сребрени и бронзен
  • Марија Гроздановска, 1 медал, бронзен
  • Филип Антонов, 2 медали, сребрен и бронзен
  • Петар Јанев, 2 медали, златен и бронзен
  • Меланија Мицкоска, 1 медал, сребрен

Горди сме на секој од нив и на трудот што стои зад секој настап. Продолжуваме со исто темпо, мотивирани за нови предизвици и успеси!, додаваат од клубот.

OhridNews