Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“ во текот на месец јуни ќе бидат организирани низа настани посветени на најмладите.

На  4 јуни, среда, со почеток во 10.00 часот во ООУ„Св. Наум Охридски“ – Пештани ќе се одржи промоција на книгата „Девојчето Ена и волшебната четка“, од авторот д-р Кристина С. Алоска. Промотор на книгата ќе биде Валентина Рубаноска.

Ден подоцна, на 5 јуни, во 13:00 часот во Музеј на водата ќе се одржи промоција на книгата „Во Домот на пастрмката“ чиј автор е Александра Велинова, како и едукативен час по повод Меѓународниот ден на животната средина.

На 13 јуни во 18.00 часот на ќе биде изведена детска театарска претстава „Пинокио“ во изведба на Балада продукција со почеток во 19:30 часот.

На 20 јуни со почеток во 18:00 часот на сцената кај ТЦ Амам ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ во изведба на театар Хит Комедија.

Јунската програма завршува со детскиот музички фестивал „Поточиња“ на 27-ми со почеток во 19.30 часот на сцената Долни Сарај.

OhridNews