Низа настани во рамки на годинешното издание на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи”.

На 6-ти февруари во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, додека во 11.00 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.
Од 11:30 часот во Спомен куќата на Григор Прличев ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во рамки на кои ќе биде изведена песната „1762 лето“ – Влатко и Силви Плевнеш. Обраќање ќе има претставник на Општина Охрид, ќе бидат врачени два примерока од книгата „Малиот принц“ од Антоан де Сент – Егзипери, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението за слепи лица од Охрид, како и врачување на наградите на провонаградените литературни творби на литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“. По тоа следи читање на наградените литературни творби и промоција на книгата „Охридските писатели во книжевната критика“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев пред градската библиотека „Григор Прличев“, по што ќе се обрати Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија.

Програмата завршува со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
OhridNews












