НУ Библиотека “Григор Прличев“ со повеќе активности ќе му оддаде чест на својот патрон. Чествувањата, почнуваат утре со промоција на книгата “Колку е убава мојата внука“ од Мирко Томоски, во 11,30 часот во Прличевата Одаја при НУ Библиотека “Григор Прличев“. Во 12 часот во истата просторија ќе бидат промовирани членовите на Литературниот Клуб при Младински Совет Охрид.

Во понеделник пред бистата на Прличев во 11,30 часот, реч ќе одржи истакнатиот културен деец Видое Видически. После Панихидата на гробот и свеченоста во куќата на Прличев, во 13,30 часот во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев“ ќе биде направен портрет на афирмираниот автор, член на Друштвото на писателите на Македонија, Панде Манојлов. Веднаш после тоа во 14 часот ќе започне поетско читање во чест на лауреатот, по што ќе биде одржана традиционалната “прличева визита“.

OhridNews