Утрово, во 11:16ч. градот Лариса во областа Тесалија, централна Грција, беше погоден од силен земјотрес. Земјотресот чија јачина изнесуваше 6.3 степени по Рихтер беше почувствуван во повеќе градови во Македонија, меѓу кои и Охрид.

Тој беше проследен со повеќе афтершокови, од кои најсилниот беше од 5.2 степени по Рихтер.

OhridNews